Израелските сили денеска го напуштија палестинскиот бегалски камп Рафа во Појасот Газа. За време на оваа шестдневна акција, според информациите, биле убиени над четириесет палестинци и уништени десетици палестински домови. Израел соопшти дека акцијата била спроведена со цел да бидат уништени тунелите за шверц на оружје од соседниот Египет.