Њу Делхи: Челниците на Конресната партија понудија оставки за Ганди да биде премиер

Челниците на индиската Конгресна партија понудија оставки со цел лидерката на партијата Соња Ганди да ја прифати премиерската функција. Поголем број подржувачи на Ганди од нејзината партија протестираат во Њу Делхи со барање таа да биде иден премиер на Индија. Вчера Соња Ганди соопшти дека премиерското место не било нејзина цел и оти ја одбива таа функција.