Прво-обвинетиот за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, Миодраг Луковиќ Легија, денеска за прв пат се појави пред специјалниот суд во Белград. Адвокатите на Луковиќ побараа одлагање на изјаснувањето за обвинението за месец ипол заради запознавање со неговата содржина.