Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган престојува во официјална посета на Грција на разговори со грчкиот премиер Костас Караманлис и со претседателот Костис Стефанопулос. Во фокусот е иднината на поделениот Кипар, чиј грчки дел стана дел од Европската Унија. Премиерите Ердоган и Караманлис оценија дека отвораат нова страница во меѓусебните односи, која ќе значи пријателство, соработка и добрососедство во интерес на трајна стабилизација на регионот.