Зоран Јовановски, раководител на проектот за гранично обезбедување. Од денеска МВР ја превзема контролата на јужната граница

До каде се подготовките за превземање на обезбедувањето на границата од страна на припадници на МВР?

Процесот на превземање на државната граница од страна на МВР, е процес којшто е планирано да трае две години. Првата фаза беше преобука на персоналот којшто ќе го превземе обезбедувањето на границата со Република Грција, односно со Законот за движење во граничен појас од 1-ви мај 2004 година, јужната граница ја превзема МВР.

Што значи тоа за Македонија?

Тоа значи дека се напушта досегашното линиско обезбедување и се преминува на поинакво обезбедување на границата. Со тоа што, граничната полиција ќе биде задолжена за контрола на граничните премини и за обезбедување на граничната линија. Целта на новиот модел е безбедни граници и брз проток на луѓе и стоки.

Дали може да се очекува сека сето тоа ќе заврши со предвидената динамика?

Па да, може да се каже дека ќе биде завршено со предвидената динамика, односно до 2006 година ќе бидеме целосно завршени.

Споредбено, како е во другите земји?

Еден од условите за влез во ЕУ е границите да бидат обезбедувани од професионална полициска структура. Сите земји членки на ЕУ тоа го имаат и останатите земји кои не се членки веќе преминуваат на ваков вид на обезбедување на државните граници.