Во ситуација кога во Ирак продолжуваат борбите меѓу сојузничките војници и муслиманските бунтовници, американскиот администратор Пол Бремер соопшти дека ирачките безбедносни сили, до триесети јуни, за кога е предвидена транзицијата на власта врз ирачаните, нема да бидат подготвени да ја заштитат земјата. Во меѓувреме, официјален Мадрид ја повтори намерата де ги повлече шпанските војници од Ирак.
Американскиот администратор Пол Бремер во соопштението наведува дека насилствата во изминативе две недели покажале оти ирачките сили не се подготвени да се справат со бунтовниците и киднаперите. Како што јавуваат агенциите, во овие насилства досега загинале стотина американски војници и непознат број на ирачки бунтовници и цивили. Ирачкиот министер за одбрана Али Алави што го поставија американците, побара од ирачаните да соработуваат со новата ирачка армија со цел да се намали зависноста од сојузничките сили во обезбедувањето на редот и мирот во земјата. Тој наименува и тројца генерали од трите групи во Ирак, сунитите, шиитите и курдите, за главни команданти на новата ирачка армија која треба да ја заштитува земјата, откако ирачните ќе ја преземат власта на триесети јуни. Сепак, во соопштението на администраторот Пол Бремер се вели дека во безбедноста во земјата ирачаните треба да бидат партнери со сојузничките сили. Од друга страна, токму позицијата на овие сили во Ирак би можела да биде смената откако новиот шпански премиер Хозе Луис Родригез Запатеро вчера го повтори ставот, дека сака да ги повлече шпанските војници од таа земја што е можно поскоро. Станува збор за околу илјади и триста војници, кои според некои известувања, би можело да бидат вратени во Шпанија во наредниве неколку недели. Ваквата намера на новата влада во Мадрид веднаш беше критикувана од Австралија и Јапонија кои побараа од Шпанија до крај да си ги исполни обврските што ги презеде кога им се придружи на сојузничките сили во Ирак. Во Вашингтон засега се воздржани околу изјавата на Запатеро за повлекување на шпанските војници.
„Знаеме дека шпанците зборуваат за можно повлекување на нивните сили од Ирак. Не би била изнандена и ако го сторат тоа. Знаеме дека и други земји ќе извршат проценка за нивниот ризик доколку останат во Ирак. Но, ние имаме голема и силна коалиција на теренот.“
Изјави Кондолиза Рајс, советничката на американскиот претседател Џорџ Буш за национална безбедност. Инаку, новиот шеф на шпанската дипломатија Мигуел Ангел Мораитинос се очекува оваа недела да го посети Вашингтон.