Њујорк: Советот за безбедност ќе расправа за Косово

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе расправа за улогата на Светската организација на Косово по последните инциденти. Германскиот амбасадор Гинтер Плојгер, кој е актуелен претседавач со Советот, изјави дека меѓуетничките насилства и досегашниот неуспех во изградбата на демократско општество на Косово значи дека меѓународната заедница треба да се организира за долг престој во провинцијата.