Фалуџа: Американските сили денеска повторно понудија примирје на бунтовниците

Американските сили во Ирак денеска повторно им понудија примирје на бунтовниците во Фалуџа, почнувајки од напладне по локално време. Портпаролот Марк Кимит изјави дека засега нема одговор од бунтовниците и оти американските сили го задржуваат правото на само-одбрана. Американските сили и вчера повикаа на примирје, кое беше нарушено во текот на изминатата ноќ. Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека и покрај насилствата во Ирак, нема да биде одложено планираното предавање на власта на ирачаните на 30-ти јуни. Буш оцени дека една мала фракција се обидува да ја спречи демократијата во Ирак и да ја превземе власта.