Околу 10 илјади луѓе, денеска втор ден протестираат во Токио со барање Јапонија да ги повлече своите војници од Ирак, со што би ги исполнила условите на милитантната ирачка група која како заложници држи тројца јапонски цивили. Киднаперите се заканија дека доколку Јапонија не ги повлече војниците од Ирак до недела, ќе ги убијат заложниците. Премиерот Јуничиро Коизуми го отфрли таквото барање. Во меѓувреме, еден јапонски дипломат пристигна во Јордан за да помогне во напорите за ослободување на заложниците.