Токио: Јапонија нема да ги повлече војниците од Ирак под закана од терористи

Јапонскиот премер Јуничиро Коизуми денеска изјави дека не планира да ги повлече војниците од Ирак и покрај заканите на ирачките бунтовници дека ќе ги убијат киднапираните јапонски цивили. Не треба да попуштиме пред заканите на терористите, рече Коизуми. Јапонија вчера беше шокирана кога една досега непознатата ирачка група Бригада на муџахедините објави видео снимка на тројца заложници, вклучувајќи и една жена. Покрај јапонците беа киднапирани и седумина јужнокореанци и еден британец. Кореанците подоцна беа ослободени. Во Ирак има петстотини и пеесет јапоснки војници кои не учетвуваат во борбите, туку во реконструкцијата на земјата.