Во текот на изминатата ноќ два земјотреса ги вознемирија граѓаните на Романија, Грција и Албанија, но, како што јавуваат агенциите, не предизвикаа жртви или материјална штета. Првиот земјотрес со сила од четири степени според Рихтеровата скала беше забележан во Романија, додека вториот, со интензитет од пет запирка два степена по Рихтер, ја погоди граничната област меѓу Албанија и Грција. Овој земјотрес бил почувствуван и во југозападниот дел на Македонија.