Соединетите Држави ја суспендираа помошта за Србија од 25 милиони долари поради несоработката со хашкиот трибунал. Портпаролот на Стејт департментот Адам Ерели ги повика властите во Србија да ги предадат сите обвинети за воени злосторства, особено Ратко Младиќ, по што е можно финансиската помош да биде одмрзната.