Берлин: Потпишан договор за соработка во борбата против трговијата со дрога

Авганистан и неговите соседи, Кина, Иран, Пакистан, Таџикистан, Турменистан и Узбекистан во Берлин потпишаа договор за регионална соработка во битката против трговијата со дрога. Договорот предвидува засилување на граничните контроли и размена на информации во врска со шверцот на наркотици. Инаку, на донаторската конференција во Берлин, за обновата на Авганистан беа ветени над 8 милијарди долари.