Вашингтон: Идниот месец серија средби на Буш со лидерите од Блискиот Исток

Американската Бела Куќа соопти дека претседателот Џорџ Буш во текот на идниот месец ќе има серија средби со лидерите на Блискиот Исток. Најпрвин Буш ќе се состане со египетскиот претседател Мубарак, а потоа со израелскиот премиер Шарон, како и со јорданскиот крал Абдула. Во соопштението се додава дека разговорите ќе бидат фокусирани врз војната против тероризмот и врз барањето мировен договор меѓу изарелците и палестинците.