Состанокот на лидерите на Европската Унија во Брисел е фокусиран врз зацврстувањето на анти терористичките мерки по нападите што се случија во Мадрид. Се очекува тие да се изјаснат во врска со предлогот да се востанови шеф кој ќе ги координира антитерористичките политики меѓу земјите членки на Унијата. Евро лидерите ќе разговараат и за можностите за продолжување на преговорите за усовојување нов Устав на Евопската Унија што пропаднаа во декември минатата година поради несогласувањата меѓу сегашните и идните членки на Унијата.