Последното насилство на Косово е чекор назад од целта, просперитетно и демократско општество, вели еврокомесарот Хавиер Солана во екслкузивното интервју за Радио Слободна Европа, пред неговата денешна посета на Приштина. Таканаречените спонтани настани, според разузнавачките информации, биле многу добро синхронизирани, наведува Солана, додавајќи дека насилството не може да претставува пократок пат кон решавањето на конечниот статус на Косово.
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана одговорајќи на прашањето каква штета на Косово му нанесоа минатонеделните насилства оценува дека со насилство, а без разговори за стандардите, нема да има решение за конечниот статус на Покраината.
„Мислам дека штетите се огромни. Тоа е чекор назад во однос на сонот и целите за демократско и просперитетно Косово во кое заедниците можат да живеат заедно. Се е многу нарушено. Разниѓана е улогата на меѓународната заедница, бидејќи беше нападнат и КФОР. Тешко е да се отргнеме од впешатокот дека нападите не биле синхронизирани. Впрочем, разузнавачките податоци покажуваат дека таканаречените спонтани насатани биле добро организирани. Тоа е многу опасно, бидејќи го оневозможува создавањето мултиетничко Косово, а тоа беше сон и на косоварите и на меѓународната заедница. Сакам да кажам дека дека насилството не е пократок пат што ќе води кон финалниот статус на Косово.“
Вели Солана, додавајќи дека последните косовски настани меѓународната заедница нема да ги прифати како метод. Тој смета дека косовските лидери не секогаш биле на нивото што го очекува меѓународната заедница.
„Тие знаат што треба да сторат. Мораат да се однесуваат како лидери кои соработуваат со меѓународната заедница, да ги прифатат западните вредности и да се трудат да ја вратат довербата со цел различните заедници да можат да живеат заедно.“
На прашањето дали мисли дека во предлогот на новата српска влада за кантонизација на Косово постојат елементи кои можеле да влијаат врз најновото насилство еврокомесарот Хавиер Солана вели:
„Ако Косоварите регираат насилно на став изречен некаде на друго место, тогаш тоа не е сериозно раководтсво, бидејќи вие не можете насилството да го ставите на прв план. Тоа не е начин на однесување во меѓународната заедница. И натаму мора да се почитува резолуцијата 1244. Мислам дека мора да се преземе се за да продолжи дијалогот меѓу Приштина и Белград. Тое е неопходно и мора да се напарави.“
Вели високиот комесар на Европската Унија Хавиер Солана во интервјуто за Радио Слободна Европа.