Евро-комесарот Хавиер Солана оцени дека поголема глобална соработка е вистинското решение за справување со проблемите како што е тероризмот. Говорејки пред студенти во Пекинг, Солана изјави дека нападите во Шпанија беа напад против сите европејци, а во врска со односите меѓу Европската Унија и Соединетите Држави, дека соработката, а не унилатерализмот, е одговор на соте проблеми. Вчера во Вашингтон, американскиот претседател Џорџ Буш ги повика сојузниците да останат заедно во војната против тероризмот.