Едно лице е полесно повредено во напад со рачна бомба кои изутрината го извршија непознати лица врз резиденцијата на претседателот на Косово Ибрахим Ругова во Приштина. Бомбата како што јавува Бета, е фрлена од автомобил во движење а повреденото лице е припадник на обезбедувањето на Ругова. Бомбашкиот напад врз куќата на Косовскиот претседател е 4 по ред во изминативе 5 дена во Пришина каде што две експлозии беа активирани во населбите Дарданија и Сончев Брег,а во близината на седиштето на УНМИК се откриени 4,5 килограми експлозив пред да биде активиран. Ругова ги осуди овие акти на насилство оценувајки дека се обид за дестабилизација на Косово во очи на престојните избори.