Поради специфичноста на постапката при истрагата за несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски и уште осум лица од македонското јавно обвинителство информираат дека дополнително на ниво на колегиумот на оваа институција ќе се разгледува начинот на кој ќе се презентираат информациите од истражаната постапка. Според најавите, прелиминарниот извештај за причините за авионската несреќа може да се очекува за еден месец, притоа конечниот извештај треба да биде готов за 60 дена. Од дирекцијата за вицилно воздухоплосвство на БИХ, информираат дека поради технички проблеми во работата на регистраторот на податоци на летот од едната црна кутија ќе биде направена специјална анализа. Инаку, од надлежата комисија за истрагата информираат дека лентата на која се снима разговорот меѓу контролата на летот и пилотот е преслушана, како и дека конверзацијата е водена на англиски јазик. За текот на истрагата, македонскиот премиер Бранко Црвенковски побара и помош од НАТО, упатувајќи писмо до генералниот секретар на алијансата, во кое истакна дека она на што Македонија не е подготвена е истрагата да остане под неразјаснети околности. НАТО амбасадорот во Македонија Николас Бигман вели дека тие ќе помогнат во истрагата не прецизирајќи на кој начин.
„Се разбира дека НАТО е подготвен да земе учество во истрагата, онолку колку што можеме. Се разбира, бидејки има шпекулации, а некои од шпекулациите се прилично грди. Природно е и разбирливо откако ке се случи вакво нешто да има шпекулации. Мислам дека во интерес и на НАТО и на Македонија да се знае точно што се случило, дали тоа е вина на НАТО, СФОР, авионот, пилотот, мора да се знае за да не се дозволи тоа повторно да се случи во иднина."