Членовите на владејачкиот Соевт на Ирак на денешната церемонија го почнаа потишувањето на текстот на привремениот Устав на земјата, соопштија официјални лица во Багдад. Потпишувањето на овој документ досега два пати беше одложуван. Првиот пат поради нападите врз шиитските светилишта во Багдад и Карбала, а вториот откако шиитските членови во Советот се изјаснија дека се против точката во Уставот со која се предвидува автономија за Курдите на северот од земјата.