Брисел: ЕУ воведува трговски санкции спрема САД

Европската Унија денеска воведува трговски санкции против Соединетите Држави. Оваа одлука, како што јавуваат агенциите, била донесена од Европската Комисија поради американските извозни субвенции. Инаку, делегација на Унијата во која се шефот на ирската дипломатија Брајан Коуен и еврокомесарите Крис Патен и Хавиер Солана денеска пристигнуваат во посета на Соединетите Држави.