Премиерот Бранко Црвенковски синоќа пристигна во Босна и Херцеговина и, според најавите, пред малку требаше да стигне во Мостар во придружба на портпаролот на кабинетот на Трајковски, Андреј Лапавцов и шефот на Босанското претседателство Аднан Терзиќ. По завршувањето на идентификацијата на телата се очекува пренесување на посмртните останки во Скопје. Според преставникот на Босанската Цивилна Пловидба Џелал Хасечиќ, двете црни кутии од авионот, кои треба да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата, ке бидат испратени на експертиза во Париз во текот на овој ден или најдоцна утре.
Во Мостар продолжува идентификацијата на посмртните останки на 9 – те загинати во авионската несреќа, меѓу кои и претседателот на Република Македонија Борис Трајковски. Во БИХ од синоќа се наоѓа и владината делегација на чело со премиерот Бранко Црвенковски, министерот за внатрешни работи Хари Костов, а од првиот ден и македонската експертска екипа предводена од министерот за правда Иџет Мемети. Црвенковски оствари средби со лидерите на Босна и Херцеговина со цел да се потикне и забраза професионалната истрага. Премиерот во разговорите со преставниците на КФОР изразил убедување дека од првиот ден па досега се напревани грешки во истрагата од страна на КФОР во комуникацијата со јавноста. Преставникот на Босанската цивилна пловидба Џелал Хасечиќ денеска изјави дека двете црни кутии пронајдени на местото на несреќата денеска или најдоцна утре ке бидат испратени на експертиза во Меѓународната организација за воздушен промет во Париз. Содржината на воздушните кутии, според Хасечиќ би можело значајно да придонесе за расветлување на причините за несреќата на македонскиот авион, но сами по себе, црните кутии, односно записите, не може да преставуваат доказ. Хасечиќ одби да нагаѓа за причините за падот на авионот додавајки дека истрагата ке потрае. Според неговите зборови, истрагата и стручната експертиза врз остатоците на авионот ке ја предводи главниот истражувач на Дирекцијата на цивилната пловидба на БИХ Салко Бегиќ. Од друга страна, вчера македонскиот заменик јавен обвинител Роксанда Крстевска која се наоѓа во Мостар изјави дека причина за несреќата би можела да биде лошото време, човечка или техничка грешка.