Претседателот на Радио Слободна Европа Томас Дајн испрати соопштение во кое изразува длабоко жалење за трагичната смрт на Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски. Имав чест да се сретнам и да го запознам претседателот Трајковски. Тој беше модерен, толерантен политичар во регионот обременет со национални и верски тензии и неговата смрт преставува огромна загуба за Македонија и цела Европа, се вели во соопштението на претседателот на Радио Слободна Европа Томас Дајн.