Ситуацијата со почитувањето на човековите права минатата година се влошила во многу држави, меѓу кои се Кина, Куба, Мијанмар и Иран, се истакнува во Годишниот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент. Во извештајот се критикуваат и Саудиска Арабија и Израел, како и претседателот на Хаити Жан-Бертран Аристид. Во документот се истакнува дека со симнувањето од власт на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин се откриени „невозможните ужаси кои ги извршувал неговиот режим“.
САД не констатирале сериозни нарушувања на човековите права во Грција. Сепак постојат случаи во кои безбедносните сили малтретирале илегални имиганти и Роми, а и затворите се преполни и условите во некои од нив се многу лоши. Се истакнуваат и случаи на ксенофобија против Албанци, илегална трговија со жени и девојки кои се принудени да просат и да се проституираат.
Во годишниот извештај на Стејт департментот се наведува дека во Србија и Црна Гора генерално се почитуваат правата на граѓаните и оти најтешка е ситуацијата на Косово.
Во делот од извештајот кој се однесува за состојбата на човековите права на Косово, се истакнува дека верските и етничките тензии и насилството и понатаму продолжуваат.
Нивото на насилство кон косовските Срби и понатаму е голем, а ниту еден сторител на сериозно кривично дело против Србите никогаш не е пронајден и уапсен, што предизвикува загриженост кај српската заедница на Косово, се наведува во извештајот.
Кога е во прашање Црна Гора, во извештајот се укажува дека црногорската Влада генерално ги почитувала човековите права на своите граѓани, меѓутоа како што се додава, имало и одредени проблеми во некои региони.