Фалуџа: Над 20 загинати во напад на полициска станица

Над дваесет загинати, и триесетина повредни, е билансот од денешните напади на ирачките бунтовници врз полициската станица и владината зграда во градот Фалуџа. Агенциите јавуваат дека напаѓачите почнале да пукаат од возила во движење, по што полицајците возвратиле. Меѓу повредените има најмногу полицајци, но и две две жени и едно дете. Двајца од напаѓачите се уапсени.