Вашингтон: Пауел оцени дека Арафат не прави ништо за спречување на анти-израелските напади

Американскиот државен секретар Колин Пауел оцени дека палестинскиот лидер Јасер Арафат не прави ништо за спречување на анти-израелските напади. Во обраќањето пред комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат, Пауел изјави дека Арафат мора да го искористи својот авторитет за прекинување на насилствата, што е клучно за решавање на блиско-источната криза.