Протести најавуваат и воено полициските резервисти

Поранешните пипадници на единицата за брзи интервенции „Лавови“ продолжуваат со протестите се до исполнување на нивните барања, вработување на преостанатите 100 припадници на оваа единица во МВР и МО. Истото го бараат и воено-полициските резервисти кои сметаат дека државните органи имаат игнорантски однос кон нивните барања за решавање на нивниот работен статус во редовите на полицијата и Армијата на Република Македонија. Тие тврдат дека тоа го ветиле министерот за Внатрешни Работи Хари Костов и преставници на Министерството за одбрана:

„Ние се договаравме да не биде етапно, туку тие 61 вработување во МВР да бидат одеднаш, во пакет. Меѓутоа, министерот Костов ни кажа дека вработувањата ќе бидат три пати по 20. Значи пак останува на неговото етапно, иако цело време се договараме тоа да биде во пакет, групно во МВР,“

изјави Сашо Георгиев преставник на поранешните припадници на единицата за брзи интервенции „Лавови“ кои останаа без работа.

Од МВР засега остануваат на ставот за етапно вработување на 60 припадници на поранешната единица „Лавови“. Додека министерството за одбрана засега даде зелено светло за фработување на само седум поранешни припадници на „Лавовите“, а не 40 колку што бараат да бидат вработени:

„До крајот на годината во рамките на тие веќе одобрени 200 места, доколку се ослободат нови места во АРМ можно е поранешните припадници на „Лавовите“ да бидат сукцесивно примени во АРМ доколку се ослободат места.“

Портпаролот на МВР Контевска и Марјан Ѓуровски од министерството за одбрана информираат дека на воено полициските резервисти никој не им ветил вработување:

„За резервистите останува исто, значи не им е ветено ништо.“

„Потребни се дополнителни средства, а министерството за одбрана во тој дел е ограничено со средствата така што нема да може самото да одлучува.“


Од Здружениете на воено-полициските резервисти пак најавуваат масовни протести:

„Па сигурно ќе има масовни протести.“

изјави Борче Ивановски преставник на Здружението на воено-полициските резервисти.