Флорида: Почина најпознатиот шпион од Студената војна

Најпознатиот шпион во корист на Соединетите Држави во текот на студената Војна, полскиот полковник Ришар Куклински почина вчера од мозочен удар во една болница во Флорида. Директорот на ЦИА Џорџ Тенет изјави дека тој бил вистински херој кој помогнал Студената војна да не прерасне во вистинска. Куклински од од илјада деветстотини седумдест и втората до осумдесет и правата година на ЦИА и доставил околу триесет и пет илјади тајни документи на Варшавскиот договор по што пребега во Соединетите Држави.