Припадниците на полициската Единица за брзи интервенции "Лавови" најавија дека од утре ќе го продолжат мирниот протест со блокада на булеварот пред Собранието на Република Македонија заради исполнување на нивните барања за вработување во Министерството за внатрешни работи и во Армијата на Република Македонија. Тие од министерот за внатрешни работи Хари Костов побараа да го реализира договореното на средбите со претставници на Координативното тело на „Лавовите".