Њујорк: Анан ќе испрати тим на ОН за да им помогне на Ирачаните

Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан соопшти дека ќе испрати тим на Светската организација во Ирак со цел да им се помогне на ирачаните да постигнат консензус околу формирањето на преодната влада. По средбата со американскиот претседател Џорџ Буш во Вашингтон, Анан изјави дека задача на тимот ќе биде и да утврди дали се можни избори пред 30-ти јуни кога е предвидено американците да им ја предадат власта на ирачаните. Вашингтон смета дека нема доволно време за организирање избори.