Витлеем: Израелските сили влегоа во Витлеем како одговор на вчерашниот бомбашки напад

Израелските сили денеска влегоа во Витлеем на Западниот Брег како одговор на вчерашниот бомбашки напад во Ерусалим каде што загинаа 10 лица. Според израелското радио, војската ја уништила семејната куќата на бомбашот самоубиец кој го предизвика инцидентот во автобусот.