Македонскиот премиер Бранко Црвенковски, по покана од неговиот француски колега Жан Пјер Рафарен, од денеска ќе престојува во тридневна официјлна посета на Франција. Освен со премиерот Рафарен, предвидено е Црвенковски да оствари средби со претседателот на Сенатот Кристијан Понфле и со генералниот секретар на Организацијата за европска соработка и развој Доналд Џонстон. Премиерот Црвековски во француската Стопанска комора ќе говори за можностите за инвестирање во Македонија.