Варшава: Квашњевски ќе бара олеснување на визниот режим за Полјаците

Полскиот претседател Александар Квашњевски најави дека од американскиот претседател Џорџ Буш ќе побара олеснување на визниот режим за полјаците, бидејки Полска се покажала како сигурен американски сојузник во Ирак. Кавшњевски во интервјуто за државното радио оцени дека Вашингтон треба да ја разбере фрустрацијата на полјаците, кои се американски сојузници, а се третираат со недоверба.