Советот на преодната ирачка влада изрази незадоволство од одлуката на Пентагон со која соборениот претседател на Ирак Садам Хусеин го прогласи за воен заробеник. Тој е криминалец кој има сторено злосторства против Ирачаните и треба да му се суди пред ирачки суд, изјави судијата Дара Нуредин, кој е задолжен за правосудниот комитет. Меѓународниот комитет на Црвениот Крст оцени дека одлуката на Пентагон е прифатлива, бидејки Садам Хусеин беше главен командант на ирачките сили.