Светската програма за храна од наредниот месец ќе ја прекине помошта за околу 3 милиони северно-кореанци, поради недостигот од донации. Директорот на оваа агенција на Обединетите Нации, Џејмс Морис изјави дека во оваа година биле собрани само 60 насто од планираните донации во храна за помош на околу 6 ипол милиони луѓе во Северна Кореја.