Брисел: Група влијателни пратеници на Европскиот парламент бараат ревизија на Дејтонскиот договор

Група влијателни пратеници во Европскиот парламент и европски политичари, побараа ревизија на Дејтонскиот договор за Босна и Херцеговина, јавија синоќа агенциите. Иницијативата за преиспитување и дополнување на десет години стариот Договор од Дејтон е образложено со тврдењата дека темелните правни и политички услови утврдени со договорот, го кочат неопходниот економски и политички развој на Босанската федерација. Според иницијаторите лошата состојба во Босна и Херцеговина се заканува да го загрози мировниот процес во земјата, со последици што можат да бидат поразителни по целиот регион.