На шеесет и пет милиони девојчиња во светот им е оневозможено да се школуваат, наведува УНИЦЕФ во годишниот извештај под наслов Образованието е основно човеково право. Во студијата се додава дека нешколувањето на девојчињата предизвикува забавување на економскиот развој, како и недовлна упатеност во зачувувањето на здравјето на нивните идни семејства.