Скопје: Претседателот Трајковски во посета на Црна Гора

Претседателот на Македонија Борис Трајковски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Црна Гора, каде што ќе разговара со претседателот на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ, како и со претставниците на црно-горскиот државен врв. Како што е најавено, теми на разговорите ќе бидат можностите за поинтензивна економска соработка, идејата за воспоставување трговски коридор низ Косово и состојбата во регионот. Посетата е продолжение на плодната и пријателска соработка меѓу двете земји, оцени кабинетот на црно-горскиот претседател Филип Вујановиќ.