Низ улиците на Тбилиси денеска е мирно, откако вчера десетици илјади Грузијци ја прославуваа оставката на претседателот Едуард Шеврнадѕе. Тој изјави дека се повлекува од функцијата за да се спречи евентуалното крвопролевање. Нови парламентарни избори се закажани за 45 дена, а Соединетите Држави соопштија дека ќе ја подржат новата влада во организирањето на фер и демкратски избори.