Запленети 6000 ЦД и ДВД дискови

Нелегалните продавачи и произведувачи на компакт и компјутерски дискови, како и ДВД издајнија, од почетокот на месецов се на удар на пазарната инсепкција, во рамки на акцијата која веќе ја најави Министертвото за култура, а која има за цел конечно искоренување на пиратениријата во земјава. Станува збор за нелегална трговија, која во Македонија години наназад, цвета и мора да биде санкционирана.

„Како резултат на тие контроли запленети се над 6000 ЦД и ДВД дискови, во вкупна вредност од околу 10000 евра. Оваа акција е без најава, ненадејна, се работи за сузбивање на нелегална трговија со ваков вид производи, на лице место тие се запленети и покренати се прекршочни постапки како што предвидува законот за трговија,“

вели портпаролот на Министерството за економија Гоце Пачемски.

Да купите цеде за 100 денари, веќе е реткост. Заплашени од засилената акција, дивите продавачи ги има се помалку на улиците, а освен од полицијата разбирливо бегаат и од нашиот микрофон:

„Прашајте ја инспекцијата. Имаме проблеми“

Македонија е дефинитивно земја со најпиратски пазар во светот. „Повеќе од нелојална конкуренција е да платите огромни трошоци за да издадете еден квалитет компакт диск, кој по неколку дена во пиратско издание може да се купи за само 100 денари,“

реагира Иво Јанковски сопственик на музичката издавачка куќа Трето Уво, која во знак на протест повеќе не издава музички компакт дискови:

„Јас годинава одлучив да престанам да издавам компакт дискови затоа што пиратеријата го уништи и онака сиромашниот музички пазар во Македонија. Тоа значи, комплетниот профит од продажбата на носачи на звук оди во џеповите на една мала криминална група пирати коишто го контролираат целиот тој бизнис. Затоа, западните издавачи се тотално незаинтересирани за влегување во Македонија и од тој аспект спаѓаме во групата земји со највисок криминалитет во областа на кршење на авторските права.“

За разлика од кај нас, во светот нелегалното произведување и продавање на компакт дискови одамна се санкционира со затворска казна, од минимум девет месеци.