Во денешниот бомбашки напад врз просториите на партијата на Курдите во северниот ирачки град Киркук, како пто јавуваат агенциите, три лица загинале, а шестмина биле повредени. До нападот дојде само неколку часа по експлозијата на автомобил бомба пред локалниот совет во градот Рамади, неколку километри западно од Багдад. Во овој напад имало неколкумина загинати.