Американскиот државен секретар Колин Пауел денеска во Брисел ќе разговара со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и со оние што на Унијата ќе и се приклучат во наредната година. Целта на состанокот е да се утврди заедничка позиција во врска со иранската нуклеарна програма, ситуацијата во Ирак и на Блискиот Исток. Пауел изрази несогласување со ставот на евро-комесарот Хавиер Солана дека Иран е искрен во врска со нуклеарната програма.