Британските служби за безбедност го подигнале нивото на втор степен на тревога, поради информациите за можен напад од страна на Ал Каеда, јави бритаското државно радио Би Би Си. Според извештаите тревогата не е поврзана со престојната посета на американскиот претседател Џорџ Буш на Велика Британија.