Претседателката на Шри Ланка Чандрика Камаратунга денеска прогласи вонредна состојба во земјата поради политичките несогласувања околу мировните преговори со сепаратистичките бунтовници таканеречните Тамилски тигри. Вчера таа го суспендираше парламентот и отпушти тројца министри.