Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мухамед Ел Барадеи оцени дека извештајот на Иран за неговата нуклеарна програма делува сеопфатно и оти би можел да помогне во надминувањето на кризата. Денеска истекува рокот што му беше поставен на Иран да докаже дека не развива нуклеарно оружје.