Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте на денешните разговори во Сараево и во Бања Лука, како што јавуваат агенциите, ќе се обиде да ги убеди раководителите на двата босански ентитети за поефикасно спроведување на механизмите за апсење на обвинетите воени злосторници. Дел Понте пред постетата на Сараево престојуваше во Приштина.