Брисел: Состанок на амбасадорите на НАТО

Амбасадорите на деветнаесетте земји членки на НАТО денеска го продолжија специјалниот состанок посветен на плановите на Европската Унија за нејзината нова одбренбена политика. Соединетите Држави и Британија изразија загриженост поради предлогот на Франција, Германија, Белгија и Луксембург за формирање посебни европски сили. Според нив, одбанбените задачи во Европа и натаму треба да ги извршува НАТО. Генералниот секретар на Алијансата Џорџ Робертсон оцени дека воопшто не е пожелна конкуренција меѓу Унијата и НАТО.