Рускиот вселенски брод Сојуз ТМА-3, со тричлен екипаж, успешно е лансиран изутрината од космодромот Бајконур. Рускиот космонаут Александар Калери, американецот Мајкл Фоал и шпанецот Педро Дуке, в понеделник треба да се спојат со Меѓународната вселенска станица.