Женската популација во Македонија нередовно посетува гинеколог

Незивисно од предупредувачки податок дека во последните неколку години во пораст се гинеколошките канцерогени заболувања карактеристично меѓу женската популација кај нас е тоа што во посета на некоја ординација тие доаѓаат кога заболувањето веќе се јавило. Ова е особено впечатливо меѓу младите девојки кои прашани колку редовно одат во посета на гинеколег велат:

Тон
Тон

Др Кирил Георгиев од гинеколошко - акушерската болница во Скопје потсетува дека превенцијата која меѓу другото подразбира и редовни гинеколошки прегледи е битен фактор во борбата против овие заболувања. Но, тој забележува дека кај нас генерален проблем во таа насока претставува културата на живеење како и на организирање на здравствениот систем воопшто.

Тон

За потребата од поголема едукација меѓу граѓаните на планот на здравствената заштита упатуваат и нашите соговорници кои оценуваат дека таа треба особено да биде застапена во училиштата, но додаваат дека исто така и во рамките на работните места на вработените треба да им бидат овозможени органзизирани прегледи.

Тон
Тон

Од друга страна Др Горгиев пак објснувајќи ги причините поради кои во нашата земја отсуствува навика за редовен гинеколошки преглед вели оти таа може да се објсни и со лошата економска ситуација во земјава опаѓањето на стандардот на луѓето од едан страна и висината на партиципациајата во здравството од друга страна.

Тон

А, за оваа лекрска забелешка најдобро зборува искуството на пациентите:

Тон

Во анализзата на факторите кои ја отсликуваат здравената култура во земјава и системот според кој функционира овој систем доктор Георгиев упатува на уште еден податок. Имено, тој забележува дека несфатливо е тоа што во нашата земја во ситуација кога постојано зборуваме за пораст на канцерогените заболувања, не само во гинекологијата туку генерално во рамките на здравствениот систем на државата сеуште не изработено регистар за бројот на заболените.