Во Албанија денеска се одржуваат локални избори на кои граганите треба да избираат мегу 49 партии и коалиции. Владеачката социјалистичка партија на премиерот Фатос Нано соопшти оти очекува победа на изборите и да освои околу 52 проценти од гласовите на избирачите. На изборна победа, како што јавуваат агенциите, се надева и најголемата опозициона партија Демократската партија на Сали Бериша. Политичкото здружение на Македонците од Мала Преспа ќе коалицира со партијата за човекови права. Локалните избори во Албанија ги набљудуваат околу 2000 домашни и околу 200 мегународни набљудувачи.